Дома Останати Кошарка Далас прави голем гест во чест на Дирк Новицки

Далас прави голем гест во чест на Дирк Новицки

Далас Маверикс екипата во која Дирк Новицки ја помина целата своја НБА кариера на почетокот на 2022 година ќе го повлече дресот со број „41“.

Овој голем гест Далас ќе го направи на мала церемонија во домашниот меч против Голден Стејт кој се игра на 5. јануари.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Новицки во Далас држи повеќе рекорди како: Бројот на одиграни минути, постигнати поени, одиграни натпревари, скокови, блокови и постигнати тројки. Во 2011 Новицки го предводеше Далас до единствениот шампионски прстен на оваа екипа, таа година ја освои и МВП наградата во финалето.

Од професионалната кошарка се пензионираше по сезоната 2018-2019 и ќе остане запаметен како еден од најдобрите странски играчи во најсилната кошаркарска лига на сите времиња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Проблем за Лејкерс: Дончиќ мора да паузира

Лука Дончиќ нема да биде дел од составот на Лос Анџелес Лејкерс за натпреварот против Фини…