Роберт Левандовски вчера постигна хет-трик против Бенфика и така дојде до бројката од 80 голови во Лигата на шампионите.
Со овие три гола полскиот голгетер ги надмина Роналдо и Лионел Меси така што најбрзо стигна до 80 голови. За 80 голови во ЛШ на Левандовкси му беа потребни 100 натпревари. Меси до таа бројка стигна после 102 натпревари, а Роналдо после 116.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не можам да кажам дека имав идеална вечер, сепак и не успеав да реализрам пенал, сепак не се грижам за тоа. Ја почувстував енергијата на овој 100. Натпревар. Не ни сонував на почетокот од кариерата ќе одиграм толку натпревари, ќе постигна толку голови и асистенции во ова натпреварување. Навистина е нешто посебно“, изјави Левандовски.