Дома Фудбал Meси од утре станува слободен играч!

Meси од утре станува слободен играч!

Капитенот на Барселона и еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Лионел Меси од утре станува слободен играч.

Договорот на Меси со Барселона истекува денес, има најави дека ќе биде продолжен, но засега тоа не се случило, па така Меси од 1. јули (утре) ќе стане слободен играч.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Медиумите во Шпанија тврдат дека само прашање на време е кога Меси ќе потпише нов договор со Барселона. Се шпекулира дека тој ќе има важност до 2023 година.

Останува да видиме кога договорот ќе биде потпишан, а ако информациите се точни тој договор ќе го обврзува Меси до неговата 36. година.

Во овој момент Меси е во Бразил каде што со својата репрезентација настапува на Копа Америка. Аргентина има 10 бодови од четири меча, а Меси на последниот натпревар против Боливија постигна два гола и запиша асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Враќањето на Мурињо во Лондон го подига интересот: Челси ги зголемува цените на билетите

Фановите на Челси изразуваат незадоволство поради повисоките цени на билетите за натпревар…