Дома Фудбал Нови проблеми во Барселона: Петмина играчи незадоволни поради Меси?!

Нови проблеми во Барселона: Петмина играчи незадоволни поради Меси?!

Шпанските медиуми објавија утрово дека ПСЖ и Манчестер Сити не се единствените клубови кои покажале интерес за доведување на Меси.

Наводно, спремен да го доведе Меси е и италијански Интер кој и во минатиот преоден рок се поврзуваше со Аргентинецот.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Договорот на Меси завршува на крајот од сезоната и ако не биде продолжен ќе може да си замине бесплатно. Меѓутоа Барселона сигурно нема лесно да се откаже од Меси. Клубот во јануари ќе добие нов претседател, а прва задача на новото раководство ќе биде договроот н Меси.

Но, „Диарио Гол“ утрово објави дека Меси нема добар однос со неколку соиграчи и дека воопшто со нив не комуницира. Наводно нив им смета тоа што тој не се однесува како вистински капитен и разговара само со оние со кои се познава подолго време.

Според информациите играчите кои се спротиставиле биле: Тер Штеген, Рики Пуиг, Дембеле, Умитити и Жуниор Фирпо. Нив им пречело што Меси се уште не донел одлука за неговиот статус во Барселона и јавно го кажале тоа во соблекувалната, а на Аргентинецот тоа не му се допаднало.

Јасно е дека ситуацијата во Барселона во овој момент не е добра, а ќе видиме дали ќе се промени нешто со доаѓањето на новиот претседател.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алегри не се откажува од идејата да го донесе Влаховиќ во Милан

Милан воспостави нов контакт со Душан Влаховиќ, бидејќи Макс Алегри сака повторно да работ…