Играчот на Барселона, Миралем Пјаниќ отворено порача дека е спремен да игра повеќе.
Во претходниот преоден рок Пјаниќ пристигна во Барселона во размената во која Артур Мело се пресели во Торино. Босанскиот репрезентативец за Барселона настапи на 11 натпревари, а во разговор за италијанската „Газета“ зборуваше дека сака повеќе да игра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Искрено, не ја знам причината за ваквата ситуација. Сакам да играм, знам дека можам да дадам повеќе. Кога и да ме повика тренерот, спремен сум. Добро се снајдов, одиграв добри натпревари. Повеќе не знам што би можел да направам. Тренирам, спремен сум. Не сум задоволен и нема да бидам. Во мојата кариера никогаш не сум ја прифаќал идејата да не играм, нема ниту сега. Ќе видиме што ќе се случува“, изјави Пјаниќ.
Пјаниќ се потсети и на времето во Италија.
„Ми беше супер во двата клуба, поминав прекрасно време. Мојот деветгодишен престој во Италија беше фантастичен. Искрено, ми недостасува. Сега имам нов предизвик во најголемиот клуб на светот“, додаде Пјаниќ.
Утре на „Ноу Камп“ ќе игра против неговиот поранешен клуб Јувентус во Лигата на шампионите.
„Јувентус остана во моето срце, ги следам секогаш кога можам. Ждребот сакаше брзо да се вратам, штета што немаше навивачи во Торино, но ќе има друга прилика. На Јувентус му посакувам се најдобро, но утре сакам да победиме“, заврши играчот за врска.