Дома Фудбал Лига на шампиони ЛШ: Лајпциг го доби ПСЖ, Барса рутинирано со Динамо, сигурни победи на Челзи, Борусија и Јувентус ?

ЛШ: Лајпциг го доби ПСЖ, Барса рутинирано со Динамо, сигурни победи на Челзи, Борусија и Јувентус ?

Денешната вечер во Лигата на шампионите помина без поголеми изненадувања.

Најмногу внимание привлекуваше дуелот помеѓу Лајцпиг и ПСЖ. ПСЖ во овој дуел беше ославен и не можеше да смета на Нејмар, Мбапе, Икарди…Германците тоа го искористија и славеа победа од 2:1. ПСЖ до водство стигна преку Ди Марија уште во 6. минута. Аргентинецот десетина минути подоцна не реализираше пенал. Во финишот од првиот дел Нкунку изедначи на 1:1. На почетокот од второто полувреме Форсберг постигна гол за конечни 2:1.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


Барселона немаше многу проблеми и го совлада Динамо Киев со 2:1. Меси отвори пенал, а вториот гол беше дело на Пике. Циганков го постигна голот за Украинците.

Челзи беше сигурен против Рен, со истиот резултат Борусија Дортмунд славеше на гости кај Клуб Бриж. Јувентус во Будимпешта триумфираше против Френцварош со 1:4.

Најблиску до големо изненадување беше Краснодар кој на гости против Севиља имаше 0:2. Сепак Шпанците се вратија во игра комплетно го свртеа резултатот во своја корист со победа од 3:2.

Изненадувањето на денот ќе потсетиме го приреди Башакшехир кој во терминот од 18:55 часот го совлада Манчестер Јунајтед со 2:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Јунајтед со крената глава заминува од Енфилд🎥

Манчестер Јунајтед одигра храбро на гостувањето кај лидерот Ливерпул, остана непоразен и з…