Дома Фудбал Останато „Ако Мбапе сака да напредува тогаш мора да оди во Реал Мадрид“

„Ако Мбапе сака да напредува тогаш мора да оди во Реал Мадрид“

Легендарниот француски фудбалер Роберт Пирес даде свое мислење за текот на кариерата на Килијан Мбапе за кого се очекува да биде главна ѕвезда во наредните години во светскиот фудбал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мбапе го носи дресот на ПСЖ, а Пирес смета дека ако сака напредок во кариерата треба да ја промени средината. Договорот на Мбапе истекува во 2022 година и тоа значи дека веќе наредното лето ПСЖ не ќе може за него да бара астрономска сума ако тој сака да замине.

Реал Мадрид е клубот кој најмногу се поврзува со доведување на Мбапе и голем дел од спортската јавност сметаат дека Мадрид ќе биде следниот негов чекор. Дека треба да оди во Реал смета и Пирес.

„Да, сакам да го видам Мбапе во Реал Мадрид. Французин сум и секако дека имам и желба да остане во ПСЖ, но ако Мбапе сака да напредува тогаш мора да оди во Реал Мадрид“, изјави Пирес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шокантна изјава: Рафиња се моли да замине од Барселона, има големи финансиски проблеми (Видео)

Бразилецот Рафиња (29) се соочува со поголеми предизвици отколку што е повредата која ќе г…