Манчестер Јунајтедзабележа голема победа во дербито против ПСЖ, Барса рутински, Лацио се врати со голема победа.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Дербито на вечерта во Лигата на шампиони се играше во Париз, каде ПСЖ и Манчестер Јунајтед одиграа возбудлив натпревар.
ПСЖ подобро го отвори натпреварот, но Јунјатед прв дојде до водство во 21-та минута откако Бруно Фернандеш беше прецизен од белата точка.
ПСЖ тргна фуриозно во второто полувреме и од самиот старт почна да создава шанси, а до израмнување стигна во 56-та минута. После еден корнер Марсијал беше највисок во скокот и ефективно го совлада сопствениот голман.
Потоа „светците“ беа подобар противник и создадоа многу шанси,но Рашфорд ги казни „светците“ за промашувањата во 86-та минута и му донесе победа на Јунајтед.
Челзи и Севиља одиграа без голови на „Стенфорд Бриџ“, а во истата група Рен и Краснодар ги поделија бодовите (1:1).
Лацио после 13 години се врати во Лигата на шампиони и запиша голема победа од 3:1 над Борусија Дортмунд.
Барселона немаше проблеми против Ференцварош и постигна пет гола, а гостите успеаа да постигнат еден почесен гол.