Дома Фудбал Англија Се огласи Ван Дајк: Се се случува со причина, ќе се вратам посилен!

Се огласи Ван Дајк: Се се случува со причина, ќе се вратам посилен!

Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк заработи тешка повреда на мечот против Евертон и за него оваа сезона е завршена.

Холанѓанецот во наредните денови го очекува операција, а потоа 6-месечен период на рехабилитација.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Ван Дајк денес испрати емотивна порака до јавноста и истакна дека ќе се врати уште посилен.

„Посветен сум на мојата рехабилитација и ќе се обидам да се вратам што е можно побрзо на теренот. И покрај разочарувањето, верувам дека секоја потешкотија нуди нова можност, ќе се вратам посилен и подобар од претходно.  Во фудбалот како и во животот верувам дека сè се случува со причина. Важно е да продолжиме да се бориме до крај“, напиша меѓу другото Ван Дајк.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мењан наскоро става потпис

Италијанските медиуми пренесуваат дека Мајк Мењан, кој моментално брани за Милан, е во нап…