Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк заработи тешка повреда на коленото на мечот против Евертон минатиот викенд.
Деталните лекарски прегледи покажаа дека повредата е сериозна, па Ван Дајк ќе отсуствува од терените околу 7 месеци, што значи дека сезоната за него е завршена.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Поради тоа приоритет на „црвените“ во зимскиот преоден рок ќе биде доведување на врвен дефанзивец, а прва мета е играчот на Интер, Милан Скриниар.
Скриниар не се вклопува во формацијата на Конте и Интер е спремен да го продаде, а Ливерпул ќе се обиде да ја победи конкуренцијата, бидејќи за неговиот потпис силен интерес покажува и Тотенхем.
Цената на Скриниар изнесува помеѓу 40 и 50 милиони евра, а како негова алтернатива се посочува Озан Кабак од Шалке.