Дома Фудбал Останато Килијан Мбапе најскап фудбалер на светот!

Килијан Мбапе најскап фудбалер на светот!

Фудбалскиот институт „ЦИЕС“ објави нова листа на најскапи фудбалери во светот после појавата на коронавирусот.

Цената на играчите е направена на основа на познат алгоритам. Во предвид е земено: Квалитетот на играчот, должината на договорот и стабилноста на клубот за кој игра.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Со бројка од 259.2 милиони евра најскап е Килијан Мбапе. Втор на листата е Рахим Стерлинг со 194.7 милиони, а следат Џејдон Санчо (179.1), Трент Александер-Арнолд (171.1) и Маркус Рашфорд (152.3).

По ова може да забележиме дека во топ 5 има дури четворица англиски фудбалери.

Лионел Меси и Кристиано Роналдо кој долги години доминираат во светскиот фудбал се далеку од врвот. Меси со вредност од 100.1 милиони евра е на 21-то место, додека Роналдо е дури на 70-то позиција со 62.8 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …