Репрезентацијата на Македонија до 21 година денес го одигра натпреварот против Израел во рамките од квалификациите за Европското првенство.
Денес момците на Милевски не беа на нивото од претходниот натпревар против Казахстан па се спасија од пораз буквално во последната секунда од мечот (1:1).
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во 20-та минута по еден корнер нашата одбрана не реагираше најдобро и Елиас ја затресе мрежата на Јанков. Во второто полувреме Израелците пропуштија и прилика од пенал да дојдат до поубедлива предност. Ние се заканивме на неколку пати, но изостануваа оние 100% шанси.
Во последната секунда од натпреварот Јани Атанасов постигна гол од слободен удар за израмнување и важен под на Македонија.
Македонија по ова реми останува на втората позиција со 14 бода, пред Израел кој има 12 бода.