Челзи не се откажува лесно од своите фудбалери, овој клуб има голем број играчи на позајмици, а веќе на седма позиција ќе оди Лукас Пијазон.
Крилото од Сао Паоло за Челзи одигра само еден натпревар од кога дојде во 2012, а потоа започна неговата „турнеа“ од позајмица. Прво беше во Малага, па Витесе, Ајнтрахт, Рединг, Фулам, Киево и од минатата сезона во Рио Аве. Ако ништо друго Пијазон може да се пофали дека играл во шест силни европски лиги, му недостига само Франција за да ги комплетира топ 5 првенства.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Бразилецот не е среќен што Челзи се однесува на таков начин кон него.
„После некој период ваквата врска станува бесмисллена за двете страни. Некогаш верував дека сум на позајмица да се докажам и да се вратам во Челзи, но како што времето одминуваше сфаќав дека се ова за нив е само работа. Ме испраќаат на позајмица со цел некој да ме откупи за да заработат пари, тоа е она што ги интересира“, изјави Пијазон.