ФФМ потврди дека има претпоставки за три позитивни случаи на Ковид во репезентацијата, еден фудбалер и две лица од стручниот штаб, а од неофицијални извори се дознава дека позитивен на коронавирус е Столе Димитриевски.
Имено од ФФМ извести дека тројца членови на националниот тим (еден фудбалер, член на стручниот штаб и лице од техничката служба) добиле известување за „претпоставени позитивни резултати” за присуство на Ковид-19.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Сите членови на македонската селекција, пред почетокот на подготовките за натпреварот со Косово, пред самиот натпревар со Косово и еден ден после мечот со Косово, односно пред заминување за Талин, добија негативни резултати од тестирањата направени во овластена лабораторија на УЕФА.
Исто така, репрезентацијата целиот овој период строго ги почитуваше и беа преземени сите мерки и препораки пропишани од УЕФА, но и од локалните власти.
Во врска со последниот случај, нашиот тим веднаш побара дополнително тестирање за тројцата членови на репрезентацијата, но за жал, во овој момент, тројцата мора да бидат изолирани во хотел, а фудбалерот нема да може да биде во комбинација за настап на вечерашниот натпревар“, стои во соопштението на ФФМ.
Според неофицијални извори се дознава дека голманот Столе Димитриевски е тој што има „претпоставен позитивен резултат“ и сместен е во изолација во хотелот во Талин. Поради тоа се очекува Дамјан Шишковски да биде стартер против Естонија вечерва.
Фото: ФФМ