Дома Фудбал Останато Роналдо веднаш му дал прекар на 22 годишниот Мекени

Роналдо веднаш му дал прекар на 22 годишниот Мекени

Aмериканскиот фудбалер Вестон Мекени ова лето пристигна во Јувентус од редовите на Шалке.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Старата дама“ одлучи да го доведе младиот 22 годишен играч на позајмица со право на откуп на крајот од сезоната. Мекени веднаш доби шанса од Пирло и покажа дека станува збор за навистина талентиран играч.

Овој Американец е производ на академијата на Далас и уште како младинец пристигна во Шалке, а сега призна дека за него е неверојатно што има прилика да биде соиграч со Кристиано Роналдо.

„Искрено, чест ми е што играм со Роналдо. Бев нервозен кога се запознавме, одев кон него и си зборував „во ред е, биди само мирен““, призна Мекени.

Тој откри и дека Роналдо му дал прекар по кој сега го викаат и останатите во тимот.

„Одличен човек е и многу е скромен. Веднаш ми го даде прекарот „Текас бој“ сега така ме викаат и останатите во тимот“, откри младиот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Навивачи грабнаа репортер и го фрлаа во воздух: Ова е најлудата сцена на Мундијалот (Видео)

Во Мексико владее невидена возбуда. Домашните навивачи се во потполна екстаза откако репре…