Дома Топ вести Се затвори трансфер пазарот во Италија: Смолинг се врати во Рома, Деулофеу во Удинезе, Милан остана без дефанзивец

Се затвори трансфер пазарот во Италија: Смолинг се врати во Рома, Деулофеу во Удинезе, Милан остана без дефанзивец

Вечерва во 20 часот се затвори трансфер пазарот во Италија со неколку интересни трансфери кои се комплетираа во последниот ден.

Федерико Киеза го комплетираше трансферот во Јувентус и потпиша 5-годишен договор според кој ќе заработува 4,5 милиони евра по сезона.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Јувентус за потписот на Киеза на Фиорентина ќе и плати вкупно 50 милиони евра, плус 10 милиони во вид на бонуси.

Наполи го потврди трансферот на Тиму Бакајоко кој доаѓа од Челзи на едногодишна позајмица без право на откуп. Италијанскиот клуб на „сините“ ќе им плати 2 милиони евра.

Фиорентина го доведе Хосе Каљехон како слободен играч, кој треба да биде замена за Федерико Киеза.

Рома конечно постигна договор со Манчестер Јунајтед за Смолинг и буквално во последните моменти го комплетираше трансферот на дефанзивецот.

Удинезе во последниот ден доведе големо засилување и успеа да го доведе Жерар Дулофеу на едногодишна позајмица од Ватфорд.

Милан не успеа да донесе дефанзивец во последниот ден од преодниот рок. Страсбур ја одби понудата од 15 милиони евра за Симакан, а „росонерите“ не успеаа да се договорат со Челзи ниту за Рудигер.

Раџа Наинголан остана во Интер, откако „нероаѕурите“ не успеаа да постигнат договор со Каљари за трансфер на Белгиецот.

Никола Калиниќ се врати во Серија А и официјално потпиша едногодишен договор со Верона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Фантастична вест за Гвардиола и Манчестер Сити: Родри се враќа побрзо од предвиденото?!

Екипата на Манчестер Сити поминува низ најголемата криза во клубот откако Пеп Гвардиола ги…