Дома Топ вести Најавен трансферот на деценијата: Мбапе станува „крал“

Најавен трансферот на деценијата: Мбапе станува „крал“

Еминентниот медиум „Еуроспорт“ ексклузивно пренесува дека ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид.

Реал Мадрид веќе подолго време е заинтересиран за Мбапе, а трансферот ќе се реализира во 2021 година, дознава „Еуроспорт“ од свои извори.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мбапе има договор со ПСЖ до 2022 година, но во неколку наврати одби да потпише нов договор, бидејќи веќе се договорил со „кралевите“.

Токму поради тоа Реал воопшто не е активен на трансфер пазарот ова лето, а Мбапе следното лето на „Сантиаго Бернабеу“ ќе биде прва ѕвезда.

Како што пренесува „Еуроспорт“, Реал веќе го резервирал и дресот со број „девет“ за Мбапе, а трансферот ќе изнесува приближно 200 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…