ГРК Охрид потврди дека во клубот има нови четворица заразени со коронавирусот. Во неделата клубот потврди дека позитивни на вирусот биле еден играч и еден член на раководството.
Со тоа бројката на заразени во македонскиот ракомет се искачи на 50-ина лица, после вчерашната објава на Работнички дека скоро целиот тим е позтивен на Ковид 19.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Претходно имаше информации дека позитивни на коронавирусот има во ракометните клубови Голден Арт КЛ7, Радовиш и Струга, па поради тоа суперлигашката група А е во мирување.
„ГРК Охрид ќе се придржува до сите до сите протоколи и решенија за изолација и понатамошните насоки од Ракометната федерација на Македонија. Лицата се во изолација, со благи симптоми, лесна клиничка слика и добра здравствена состојба“, се вели во соопштението на клубот.