Дома Фудбал Познато кој играч на Барселона е позитивен на коронавирус

Познато кој играч на Барселона е позитивен на коронавирус

Барселона денеска потврди дека еден од играчите на овој тим е позитивен на коронавирус.

Каталонскиот клуб во петок го очекува натпреварот од четвртфиналето во ЛШ против Баерн, а за среќа натпреварот не е загрозен бидејќи се работи за фудбалер кој не бил во можност за настап.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, од клубот не открија за кој играч се работи, туку само порачаа дека тој не бил во контакт со фудбалери од првиот тим што сигурно е најважно пред натпреварот против Баерн.

Неколку часа покасно дефанзивецот на Барселона, Тодибо, призна дека тој е играчот кој бил позитивен на тестирањето. Тодибо нема никакви симптоми и се наоѓа во изолација.

Тој не тренирал со Барселона бидејќи во вториот дел од сезоната беше на позајмица во Шалке и нема право на настап за Каталонците до крајот на оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се огласи Клоп: Се радувам за клубот ако Слот е решението

Од моментот кога Јирген Клоп со видео порака го шокираше фудбалскиот свет, а осо…