Дома Трансфер зона Милан и Фиорентина спремаат голема трампа

Милан и Фиорентина спремаат голема трампа

Лукас Пакета оваа зима беше на излезни врати од Милан, но на крајот остана на „Сан Сиро“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Младиот бразилски фудбалер во Милан пристигна од Фламенго, „росонерите“ за него платија скоро 40 милиони евра и очекуваа многу од него.

Италијанските медиуми сега пишуваат дека Бразилецот сигурно ќе си замине на лето. Клубот кој засега покажал најголем интерес за Пакета наводно е Фиорентина, која веќе започнала преговори за трансферот.

Милан сака да ја искористи таквата ситуација и за возврат да го добие потписот на дефанзивецот Никола Миленковиќ.

Миленковиќ се етаблираше во еден од најдобрите стопери во Серија А, го привлече вниманието на многу европски гиганти и неговата цена во моментов се движи околу 40 милиони евра.

Миленковиќ е примарна трансфер цел на „росонерите“, веќе започнале преговори со неговиот агент и се спремни да започнат преговори за трампа со Фиорентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…