Дома Фудбал Англија Манчестер Јунајтед го загуби тронот: Ливерпул е најпопуларен клуб во Англија

Манчестер Јунајтед го загуби тронот: Ливерпул е најпопуларен клуб во Англија

Актуелниот европски шампион Ливерпул, се искачи на првото место по популарност, односно бројот на фанови во Велика Британија, откри студијата направена од „YouGov FootballIndex“.

Според истражувањето Ливерпул има поддршка од 8,3% од населението и со тоа го претекна историскиот ривал Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ се на второто место со 6,0%. Потоа следуваат Челзи (3,1%), Манчестер Сити (2,0%), Арсенал (2,0%) и Тотенхем (1,8%).

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Истражувањето ја покажува наклонетоста на луѓето кон англиските клубови по 16 различни показатели и тука не станува збор само за луѓе кои се декларираат како фанови на одреден клуб. Факторите како управување со клубот, играчи, навивачка култура, традиција, стил на игра се земени во предивид при истражувањето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер јунајтед подготвува „чистка“ во средниот ред, на повидок и една неочекувна одлука!

На Олд Трафорд претстои лето на значајни промени. Составот на средината е приоритет, а нек…