Дома Фудбал Англија Овие се новите правила во Премиер лигата

Овие се новите правила во Премиер лигата

Премиерлигата го донесе планот за враќање на фудбалот, па официјалниот рестарт се чека на 17-ти јуни.

Очекувано, протоколот за натпреварите е многу прецизен, а предложени беа неколку интересни работи кои клубовите мора да ги почитуваат.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Клубовите на натпреварите ќе може да пријават 20 играчи, од кои 17 ќе бидат во екипата и три на „чекање“. Исто така, ќе може 12 члена од медицинскиот и тренерскиот персонал да се најдат на стадионот, како и 10 претставници на екипите.

Вкупно на натпреварите во Премиерлигата ќе може да присуствуваат 300 луѓе, а сите ќе бидат на одредено растојание и интересно е тоа што и судиите во ВАР-собата ќе бидат разделени на повеќе локации.

Организаторите на преносот ќе можат да имаат 98 вработени на стадионот и 75 члена надвор од стадионот, а ќе бидат дозволени максимум 25 новинари од печатените медиуми и 15 за радио преноси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Познато кога Влаховиќ ќе потпише нов договор!

Иако италијанските новинари веќе некое време го „селеа“ Душан Влаховиќ од Јувентус, во тек…