Дома Фудбал Меси призна: Во 2017 можев да заминам ама не добив официјална понуда

Меси призна: Во 2017 можев да заминам ама не добив официјална понуда

Лионел Меси откри дека во 2017 година имал намера да си замине од Барселона.

Аргентинскиот фудбалер пред три години имаше проблеми со шпанските даночни органи и сериозно размислувал да ја напушти земјата.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Поради таа цела мешаница која настана сакав да си заминам, не за да ја напуштам Барселона, туку затоа што не сакав повеќе да бидам во Шпанија. Чувствував дека земјата кон мене се однесува неправедно. Сепак, не добив официјална понуда затоа што сите знаат дека ја сакам Барселона, па немав опција“, изјави Меси во интервју за „РАЦ1“.

Сепак, сега тие проблеми се зад Меси и многумина веруваат дека Аргентинецот ќе ја заврши кариерата во Барселона, иако постои опција да се врати во Аргентина и да одигра некоја сезона Њуелс Олд Бојс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бразилецот кој го сруши ПСЖ направи трансфер во Премиер лигата!

Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус премина од Ботафого во Нотингем Форест. Англискиот …