Дома Топ вести Во Аргентина сакале да го „убијат“ малиот Меси

Во Аргентина сакале да го „убијат“ малиот Меси

Братучед на ѕвездата на Барселона, Лионел Меси откри дека Аргентинецот бил толку добар уште како дете, па останатите момци сакате да го убијат.

Меси и неговиот братучед Макси Бианкучи пораснале заедно во Аргентина, каде често играле натпевари во квартот или локални турнири во фудбал.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа, Меси често сакал да ги одмерува силите и со повозрасните од него и едноставно си поигрувал со нив на натпреварите.

„Во квартот тој секогаш играш со нас. Ние бевме поголеми од него и често другите момци велеа: „Избркај го или ќе го убиеме“. Толку ги излудуваше што им доаѓаше да го удрат, но Меси беше брз и не можеа да го стигнат. На крајот ќе им се извинеше и ќе се смиреа“, изјави Бианкучи.

„Кога Лео имаше 8 или 9 години, јас станував рано во сабота за да можам да го гледам како игра. Тој и тогаш правеше неверојатни нешта со топката, не можевме да поверуваме што гледаме“, додаде роднината на Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан почна преговори со мексиканската ѕвезда

Главна цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач кој ќе може…