Дома Фудбал Лига на шампиони Рио кон Рамос: Би ми било срам од мојот син! (Видео)

Рио кон Рамос: Би ми било срам од мојот син! (Видео)

Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд го критикуваше дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, поради глумата во финалето од Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Рамос на пет минути пред крајот од натпреварот падна како покасен после допирнот на Квардадо.

За жал, иако помошникот судија беше покрај нив, не забалежа добро што се случи, па Феликс Брих му покажа втор жолт картон на Колумбиецот и го испрати пред време во соблекувалната.

„Доколку мојот син ме видеше мене како јас го правам тоа, би ми било срам да го погледнам во очи“, изјави Фердинанд.

Реал Мадрид во финалето беше подобар од Јувентус со 4:1 и стана првиот клуб во историјата која одбранил титулата во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Напишете „Кукуреља“ на Гугл и погледнете што ќе се случи

Гугл се надгради со специјална анимација посветена на шпанскиот фудбалер Марк Кукуреља (28…