Дома Топ вести Сетиен призна: Меси може да си замине од Барса

Сетиен призна: Меси може да си замине од Барса

Тренерот на Барселона, Кике Сетиен ги шокираше Каталонците со изјава за иднината на Лео Меси.

Тренерот на Барселона изјави дека Лионел Меси би можел на лето да си замине од „Камп Ноу“ доколку не е сигурен во новиот проект на Каталонците.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Доколку тој не е сигурен дека е во тек победнички проект, тој може да се повлече. Но, Барселона секогаш смета на еден проект, кој ќе носи успеси“, истакна Сетиен.

Во последно време се почести се шпекулациите дека Меси може да замина од Барселона бидејќи неговиот договор истекува во 2021 година.

Аргентинецот се уште не ставил потпис на нов договор бидејќи бара гаранции од клубот дека ќе се изгради тим кој ќе биде меѓу фаворитите за освојување на Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…