Дома Фудбал Англија Ван Дајк: Сакам да бидам легенда на Ливерпул

Ван Дајк: Сакам да бидам легенда на Ливерпул

Вирџил ван Дајк изјави дека сака да биде легенда на Ливерпул и да ја заврши кариерата на „Енфилд“.

Холанѓанецот кој пристигна на Енфилд во јануари 2018 година брзо стана миленик на навивачите на Ливерпул и еден од најважните фудбалери во тимот на Клоп.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ван Дајк се етаблираше во најдобриот дефанзивец во светот, а минатата година беше и во конкуренција за „Златната топка“.

„Сакам да бидам запаметен како легенда на Ливерпул. Мојата желба е да постигнам исклучителни нешта тука. Имаме фантастичен тим и располагаме со се што е неопходно за да имаме успеси – тренер, уникатен тим, стил на игра, одличен стадион и навивачи“.

„Да, би сакал да бидам еден од оние играчи кои ја завршуваат кариерата на „Енфилд“ и после тоа да останам во клубот. Ги гледам легендите на Ливерпул кои доаѓаат на стадион да ги гледаат натпреварите и се чувствувам како дел од навистина големо семејство“, истакна Ван Дајк.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Модриќ го собори рекордот на Реал стар речиси 60 години

Баерн Минхен и Реал Мадрид ремизираа 2:2 во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шамп…