Стоперот на Ливерпул Вирџил Ван Дајк не гледа премногу фудбал додека трае прекинот на првенството.
Ван Дајк за официјалната страна на Ливерпул откри дека во изминатиот период додека е дома изгледал само еден натпревар и тоа тој бил кога имал 18-19 години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Искрено во овој период не гледам многу фудбал. Изгледав само еден натпревар на кој играв јас. Тоа беше еден од моите први натпревари за Холандија, имав 18-19 години и играв како десен бек. Не можев да поверувам што правам. Ми недостасувал фудбалот, меѓутоа сега не можеме да размислуваме на тоа. Кога станува збор за натпреварите на Ливерпул, гледам некои кратки хајлајтси од оваа сезона, но повеќе од тоа навистина не“, објасни Ван Дајк.