Дома Фудбал Лига на шампиони Времеплов: Најголемата победа на Јунајтед и најтешкиот пораз на Баерн…(видео)

Времеплов: Најголемата победа на Јунајтед и најтешкиот пораз на Баерн…(видео)

Додека го чекаме новото финале во Лигата на шампионите време е да се потсетиме на оние најголемите во историјата.

Едно такво беше одиграно на денешен ден 1999 година во Шпанија на „Ноу Камп“. Ова финале навистина беше величенствено, а такво го направи Манчестер Јунајтед.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Никој никогаш, а тешко и дека некој во иднина ќе успее во рок од дваесетина секунди поразот да го претвори во незаборавна победа. Тоа му успеа на Алекс Фергусон и неговите момци против Баерн кога славеа со 2:1.

И статистиката од тој натпревар е апсолутно на страната на германцијата. Во шестата минута Марио Баслер од слободен удар го доведе Баерн во водство. Мемет Шол ја погоди стативата, а Карстен Јанкер малку подоцна ја затресе и пречката. Тоа не е се, Баерн пропушти премногу шанси да го реши тоа финале. Никој не можеше да почуствува каква драма ќе следи во финишот. Ферги клчните потези ги направи во 67 и 81 минута. Прво на теренот го испрати Теди Шерингам, а потоа и Оле Гунер Солскер.

Она што следеше не се опишува со зборови, доволно е да се каже: Најголемата победата на Јунајтед, а најтешкиот пораз на Баерн…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…