Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп застана во одбрана на големиот ривал, Манчестер Јунајтед.
Манчестер Јунајтед доби бројни критики затоа што во зимскиот преоден рок не успеа да го доведе Ерлинг Халанд кој заврши во Борусија Дортмунд и таму на 7 натпревари постигна 11 гола во Бундес лигата и Лигата на шампионите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сите го обвинуваат Јунајтед зошто не го доведе Халанд, но тие немаа шанса за такво нешто. Ниту ние, ниту тие немаа шанси. Тој сакаше да оди во голем тим кој ќе му обезбеди место во првите 11, затоа ја избра Борусија. Борусија е голем тим, имаа место за „деветка“ и му кажаа: Имаш 19 години, сакаш да играш во Лигата на шампионите и да се бориш за врвот во Бундес лигата? Во ред, еве ти го дресот и ајде. Затоа ниту еден друг клуб немаше шанси да го доведе“, изјави Клоп.