Манчестер Јунајтед ова лето го срупи рекордот за најскап дефанзивец откако плати 90 милиони евра за потписот на Хари Мегвајер.
Меѓутоа, „црвените ѓаволи“ се уште не се задоволени од одбраната и на лето спремаат нов мега-трансфер во дефанзивната линија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, италијанските медиуми тврдат дека Манчестер Јунајтед е спремен да ја активира откупната клаузула за дегфанзивецот на Наполи Калиду Кулибали, која изнесува неверојатни 150 милиони евра.
Сенегалецот е мета на многу европски гиганти, а Наполи во летниот преоден рок одби понуда од 100 милиони евра. Сега работите се променија бидејќи Кулибали не е задоволен во Наполи, а тоа се одрази и на неговите настапи, меѓутоа Наполи нема намера лесно да се откаже од него.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, Наполи ќе бара да биде исплатена откупната клаузула која на лето ќе изнесува 150 милиони евра.
Доколку се реализра овој трансфер, Манчестер Јунајтед ќе ја има најскапата одбрана во историјата.