Дома Фудбал Италија Де Лаурентис се „заљубил“ во Гатузо – баш на роденденот на Анчелоти!

Де Лаурентис се „заљубил“ во Гатузо – баш на роденденот на Анчелоти!

Италијанскиот стратег Карло Анчелоти не се задржа долго во Наполи од каде што неодамна доби отказ и сега е пред враќање во Премиер лигата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Анчелоти доби отказ после победата против Генк и обезбедувањето осминафинале во Лигата на шампионите, а набрзо потоа Џенаро Гатузо беше назначен за негов наследник. Гатузо веќе дебитираше во Серија А и тоа го направи со пораз од Парма.

Сега првиот човек на Наполи откри каде се „заљубил“ во Гатузо. Тоа се случило ни помалку, ни повеќе туку баш на роденденската забава на Анчелоти.

„Со Анчелоти сум во пријателски однос и понатаму, но нас ни беше потребна промена. Со Гатузо подобро се запознав минатото лето кога Анчелоти правеше роденденска забава. Веднаш се  „заљубив“ во неговите квалитети како човек и не се сомневав кога му ја дадов довебрата да го води Наполи. Верувам дека лошиот период е зад нас“, изјави Де Лаурентис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Елиот Андерсон го преферира Манчестер Сити пред Манчестер Јунајтед

Манчестер Сити изгледа дека е фаворит за потписот на играчот за средина на терен од Нотинг…