Барселона вчера на гостински терен ја победи Славија Прага со 2:1 во натпревар од третото коло во групната фаза од Лигата на шампионите.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Каталонскиот тим потешко од очекувањата стигна до победата и многумина сметаат дека Славија заслужи да освои барем бод. Барселона одново не одигра добар натпревар, но Тер Штеген беше одличен на голот и на крајот славеа со 2:1.
Интересен момент забележаа шпанските медиуми кога Славија изедначи на 1:1 на почетокот на второто полувреме. Меси после голот на домаќините очигледно сакаше нешто да му каже на Валверде, но тренерот на Барселона како да се плашеше да го погледне Аргентинецот.
ردة فعل ميسي وفالفيردي بعد هدف سلافيا pic.twitter.com/oQzLtspU8c
— FCBW Media ? (@media_mx9) October 24, 2019