Јувентус во вчерашниот натпревар против Монако обезбеди пласман во финалето од Лигата на шампионите, а еден од најзаслужните за победата беше Бразилецот Дани Алвеш.
Алвеш во победата од 2:1 во реваншот запиша асистенција и погодок, кој беше навистина прекрасен, а не треба да се заборават и неговите две асистенции од првиот натпревар во кој клубот од Торино славеше со 2:0.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Најважно е што помогнав мојот тим да победи, не е важно дали постигнав гол или асистирав. Не погодувам често, поради тоа сум среќен, но повеќе сакам да асистирам. Сега ќе играме во финалето и имаме животна шанса, напорно работевме и мислам дека можеме да славиме”, изјави Алвеш.
Финалето од Лигата на шампионите се игра на 3 јуни во Кардиф.