Арсенал во рамките на 5. коло во англиската Премиер лига како гостин кај Ватфорд ремизираше со резултат 2:2.
Топџиите експресно во само десетина минути стигнаа до водство од 2:0. Двоен стрелец беше Обамејанг, а многумина помислија дека тука е крајот и дека лондонскиот тим мирно ќе го заврши натпреварот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Така мислеше и неискусниот Матео Гендузи кога излегуваше од игра во 67. минута. Младиот Топџија при напуштањето на теренот го гестикулираше актуелниот резултат кон навивачите на домашниот тим, а казната стигна некоку минути подоцна.
Бодот за Ватфорд го донесе Переира во 81. минута од белата точка, а Гендузи сигурно веќе жали за реакцијата и ја научил лекцијата која добро ќе му дојде во кариерата.
Guendouzi wins the clown of the day award.pic.twitter.com/DxD4ktDqeR
— misterbayern ?⚪ (@misterbayern_) September 15, 2019