Дома Топ вести Јувентус прави изненадувачки трансфер – доаѓа ѕвездата на Баерн

Јувентус прави изненадувачки трансфер – доаѓа ѕвездата на Баерн

Дефанзивецот на Баерн Минех, Жером Боатенг е на чекор од трансфер во Јувентус, пренесуваат германските медиуми.

Јувертус остана без Џорџо Киелини, кој поради повреда на коленото ќе ја пропушти целата сезона, па мораше хитно да реагира.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Трансфер пазарот се затвора утре, а „старата дама“ се надева дека ќе успее да го реализира трансферот на Германецот.

Боатенг е на излезна врата од Баерн Минхен и ова утро не тренирал со остатокот, што е добар показател дека трансферот е пред реализација.

Се уште не е јасно дали Боатенг ќе пристигна на едногодишна позајмица, или како перманентен трансфер.

Дефанзивецот наскоро ќе наполни 31 година и има големо искуство во Лигата на шампиони, па сигурно ќе му биде од голема помош на Маурицио Сари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…