Дома Топ вести Заврши трансфер сагата: Позната иднината на Нејмар!

Заврши трансфер сагата: Позната иднината на Нејмар!

Сапуницата за иднината на Нејмар е готова, барем така изгледа. Шпанските и француските медиуми пишуваат дека Бразилецот сфатил дека враќањето во Барселона нема да се реализира, па ја известил управата на ПСЖ дека останува во клубот.

Барселона не можеше да ги исполни барањата на ПСЖ, особено поради фактот што фудбалерите кои беа подготвени за трампа, одбија трансфер во Париз.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Ѕвездата на ПСЖ сакала да се откаже од 20 милиони евра за да се реализира трансферот, но ниту тоа не успеало во преговорите, па не му останало ништо друго освен да остане во Париз.

„Екип“ пишува дека Нејмар го известил семејството дека ќе остане уште една година во француската престолнина, па следното лето повторно ќе направи обид да се врати во Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…