Милан веќе еден месец се обидува да го донесе Анхел Кореа од Атлетико Мадрид, но последните информации говорат дека трансферот дефинитивно пропаднал.
Атлетико Мадрид и Милан беа во долги преговори, но никако не успеаа да најдат успешна финансиска формула, па според „АС“ италијанскиот клуб дефинитивно се повлекол од преговорите.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
„Јорганџиите“ не отстапуваат од бараната сума од 50 милиони евра, иако играчот сака да се пресели во Милано и има договор со „росонерите“.
Италијансккиот клуб беше спремен да понуди максимум 42 милиони евра, па сега ќе се насочи кон други алтернативи.
Од друга страна Атлетико се откажа од доведување на Родриго од Валенсија, кој требаше да биде замена за Кореа.