Дома Топ вести ПСЖ ја прифати последната понуда од Барса, но Дембеле стави вето!

ПСЖ ја прифати последната понуда од Барса, но Дембеле стави вето!

Осман Дембеле категорично ја отфрли можноста да се пресели во Пари Сент Жермен како дел од трансферот на Нејмар, пренесува еминентниот „Екип“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барселона и ПСЖ се во напредни преговори, а Каталонците денес ја испратија последната понуда за Нејмар.

Понудата ги вклучува Иван Ракитиќ, Осман Дембеле и дополнителни 125 милиони евра. Дембеле би бил испратен на едногодишна позајмица, додека Ракитиќ би потпишал перманентен договор.

Француските медиуми тврдат дека тренерот Тухел дал согласност, а ПСЖ ја прифатил понудата, но Дембеле кажа НЕ.

Французинот е категоричен во намерата да остане во Барселона, па во моментов го „блокира“ трансферот на Нејмар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…