Дома Трансфер зона Откриени детали од последната понуда на Барса за Нејмар

Откриени детали од последната понуда на Барса за Нејмар

Летниот преоден рок наскоро завршува, а се уште не е решена иднината на Нејмар.

Бразилецот е главна тема на трансфер пазарот и долго време се шпекулира дека за него се заинтересирани Барселона и Реал Мадрид, но засега нема конкретни информации.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Неколку понуди заминаа на адреса на ПСЖ, кои вклучуваа пари и некои фудбалери на Барселона, меѓутоа „светците“ ги одбија.

Каталонските медиуми утрово објавија дека претставниците на Барселона денес ќе го имаат последниот обид да го доведат Нејмар.

Ерик Абидал, Оскар Грау, Хавиер Бордас и Андре Кари утро во 07:30 со приватен лет отпатувале во Париз и во попладнево ќе имаат состанок со управата на ПСЖ.

Сега се откриени и детали од понудата на Барселона. Имено, Каталонците ќе понудат 170 милиони евра, но сумата да биде платена на две еднакви рати.

Доколку ПСЖ инсистира целата сума да ја добие веднаш, тогаш Барселона ќе се обиде во зделката да го вклучи Осман Дембеле и да плати додатни 100 милиони евра.

Ова се клучни моменти кога се решава иднината на Нејмар, останува да го видиме исходот од средбата помеѓу Барса и ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…