Ракометарките на Вардар во полуфиналето на завршниот турнир во Лигата на шампионките ќе се соочат со актуелниот шампион ЧСМ Букурешт.
ЖРК Вардар преку европскиот шампион Букурешт ќе се обиде да избори пласман во првото финале во клупската историја. Овие две екипи играа во полуфиналето на завршниот турнир и минатата година, тогаш победија Романките кои подоцна и ја освоија титулата.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Втората полуфинална двојка ја формираа екипите на Ѓер и Будуќност. Двата тима имаат по две титули европски првак, Ѓер во 2013 и 2014, а Будуќност во 2012 и 2015 година.
ЖРК Вардар по четврти пат ќе учествува на завршниот турнир во Лигата на шампионите во Будимпешта. На претходните три учества „црвено-црните“ ракометарки го освојуваа третото место.
Завршниот турнир во Лигата на шампионите ќе се одржи на 6 и 7 мај во Будимпешта.