Дома Фудбал Англија Јунајтед остана без ЛШ, играчите добија „жестока“ казна

Јунајтед остана без ЛШ, играчите добија „жестока“ казна

Откако не успеа да го победи последнопласираниот Хадерсфилд, Манчестер Јунајтед и официјално остана без пласман во Лигата на шампиони следната сезона.

Раководството на „црвените ѓаволи“ смета дека е огромен неуспех и финансиски удар за клубот тоа што нема да игра во Лигата на шампиони, па реши да ги казни играчите.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Имено, играчите на Манчестер јунајтед имале клаузула во договорот за намалување на платата за 25 проценти доколку не се пласираат во Лигата на шампионите, а тие клаузули сега и официјално ќе бидат активирани.

Дали оваа одлука би можела да доведе до заминување на фудбалерите од „Олд Трафорд“?

Веднаш започнаа шпекулациите за Пол Погба, кој ќе биде најголем „губитник“ од ваквата одлука бидејќи ќе изгуби 5,3 милиони фунти.

Јунајтед пак од друга страна неиграњето во ЛШ ќе го чини повеќе од 100 милиони евра загуба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Против Казахстан сме играле само еднаш и – убедливо сме победиле!

Maкедонската фудбалска репрезентација денеска од 16:00 часот го игра натпреварот против Ка…