Дома Фудбал Реаловиот тивок убиец – Ги „начна“ сите 31 клуб против кои играше!

Реаловиот тивок убиец – Ги „начна“ сите 31 клуб против кои играше!

Бензема против Алавес го постигна првиот гол во победата од 3:0, што за него беше 178-ми гол за Реал Мадрид во 120-от натпревар.

Така Бензема оствари голем подвиг и постигна гол против сите 31 клуб против кои играше во Примера.


Французинот се чини како целата своја кариерата да е во Реал, што и не е далеку од вистината бидејќи од Лион пристигна „далечната“ 2009 година за 35 милиони евра.

Се менуваа тренери, но Бензема секогаш беше тука. Неговиот карактер, но и начинот на игра најдобро го опиша Жозе Мурињо, кој рече: „Во тимот немам ловџиски кучиња, но затоа во нападот имам мачка, Бензема“.

Медиумски најмалку експониран од триото BBC, никогаш не е претерано фален, а ќе се сложите дека Бензема заслужува секакви пофалби.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола објасни зошто се карал со Дин Хендерсон

Пеп Гвардиола се караше со голманот на Кристал Палас Дин Хендерсон на теренот по неочекува…