Дома Фудбал „Мундо Депортиво“ го обвинува Винисус: Лажеш!

„Мундо Депортиво“ го обвинува Винисус: Лажеш!

Младата ѕвезда на „кралевите“ Винсиус Жуниор во текот на вчерашниот ден за „Кадена СЕР“ објаснуваше зошто го избрал Реал Мадрид за негов нов клуб.

„Мојот татко ми кажа за интересот на Барселона и Реал Мадрид. Ги посетивме двата клуба и признавам дека двата ми се допаднаа. Барселона нудеше повеќе пари, но ние се одлучивме да го прифатиме проектот на Реал затоа што сметавме дека е подобар. Марсело и Касемиро разговараа со мене и на крај ја прифатив понудата од Реал“, гласеше изјавата на Винисус.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ваквите изјави на Винисус не беа добро прифатени во Каталонија и медиумите, поточно „Мундо Депортиво“ го надна младиот фудбалер.

Овој весник објаснува дека директорот на Барселона, Раул Санљехи си подал рака со родителите на играчот и Барселона требало да плати 30 милиони евра на Фламенго.

Исто така се наведува дека Барселона три години го следела Винисус и дека неговите родители ја посетиле популарната „Ла Масија“ каде што се запознале со условите. Но, на крајот како што велат тие се случило предавство.

Перез го искористил пријателството со агентот на Вагнер Рубеиро и договорена била средба на која Реал понудил 45 милиони евра за Фламенго, 16 милиони како провозија и 8 за Винисус и неговото семејство.

Тука „Мундо Депортиво“ запрашува како Барса нудела повеќе пари кога Реал платил 61 милион евра, а Барселона го договорила за 30. Исто така се потсетува на изјавите на Винисус о 2017 година во кои тврди дека Меси е подобар играч од Роналдо, како и дека кога игра Плејстејшн игра секогаш со Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Халанд во Швајцарија може да заврши во затвор поради – 65 евра!

Eрлинг Халанд би можел следниот пат кога ќе дојде во Швајцарија да помине еден ден во затв…