Дома Фудбал Англија Батчуаи не успеа да го спаси Палас, Ватфорд во полуфиналето на ФА купот

Батчуаи не успеа да го спаси Палас, Ватфорд во полуфиналето на ФА купот

Ватфорд денеска на својот стадион ја пречека екипата на Кристал Палас во натпревар од четвртфиналето во ФА купот и со победа од 2:1 се пласираа во полуфиналето на ова натпреварување.

Фудбалерите на Ватфорд стигнаа до водство во 27. минута од натпреварот. Капу по едно нафрлување од корнер успеа да ја затресе мрежата на Палас и да ја доведе својата екипа до водство од 1:0.

Со овој погодок се замина на полувреме, а домашниот тим предноста ја чуваше до 62. минута.

Тогаш Батчуаи одлично реагираше после грешката на домашниот тим, ја одзема топката и погоди за 1:1.

Сепак, овој погодок не беше доволен за Палас да избегне пораз, бидејќи Греј во 79. минута погоди за, на крај, конечни 2:1.

Денеска на распоредот се уште два натпревари во ФА купот. Од 18:20 играат Свонси против Манчестер Сити, додека натпреварот Волвс против Манчестер Јунајтед се игра од 20:55.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ако Манчестер Сити биде исклучен, се знае каде оди Норвежанецот!

Приказната за Ерлинг Халанд и Барселона доби нова димензија, барем според информациите кои…