Дома Фудбал Видете го новиот дрес на Барса – има две големи промени!

Видете го новиот дрес на Барса – има две големи промени!

Ова е дел од сезоната кога се појавува дизајнот на новите дресови кои фудбалските клубови ќе ги носат наредната сезона.

Порталот „Footyheadlines“, кој секоја година непогрешливо го претставува изгледот на спортската опрема, ги откри новите дресови на Барселона за сезоната 2017/18.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во однос на актуелниот, новиот дрес има две големи промени. Првата е спонзорот бидејќи за прв пат на каталонскиот дрес ќе се најде името на јапонската компанија „Rakuten“, која на Барса во следните четири години за тоа ќе и плати 200 милиони евра.

Новост на дресот се и танките црвени линии кои се простираат низ целиот дрес, за разлика од актуелниот дрес кој има две големи црвени линии во средината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона и Јувентус се во редот за Бернардо Силва

Големите од тимови како Барселона и Јувентус се меѓу клубовите кои пројавуваат интерес за …