Дома Македонски спорт Мак фудбал Најнова ФИФА ранг листа: Мал пад на Македонија, Катар скокна 38 позиции

Најнова ФИФА ранг листа: Мал пад на Македонија, Катар скокна 38 позиции

Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа мал пад на најновата ФИФА ранг листа.

На најновата ранг листа Македонија се најде на 71-та позиција, а тоа значи пад за три позиции. Најголем напредок овој месец забележа освојувачот на Купот на Азија, Катар. Катар направи скок од дури 38 позиции и сега стигна до 55-тата позиција.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Напредок забележа и Јужна Кореја која скокна за 15-тата позиција и стигна до 38-та позиција, додека финалистот од Купот на Азија, Јапонија забележа напредок за 23 позиции.
Кога во прашање се репзентациите од нашата квалификациска група за ЕП:

Полска е 20-та, Австрија 23-та, Словенија 63-та, а Летонија на 131-та позиција.

Во првите десет нема промени први се Белгијците, а потоа следуваат: Франција, Бразил, Хрватска, Англија, Португалија, Уругвај, Швајцарија, Шпанија и Данска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

ВМФЛ: Победи на фаворитите, „лавовите“ најубедливи

На македонските фудбалски терени денеска се играа натпревари од 15. коло во Втората лига. …