Дома Фудбал Атлетико без Гризман не знае за победа!

Атлетико без Гризман не знае за победа!

Готово сите клубови многу зависат од своите најголеми ѕвезди, но кај Атлетико Мадрид статустиката без Гризман е загрижувачка.

По поразот од Бетис можеше да се види колку клубот зависи од Гризман, поточно кога ги нема неговите голови, „јорганџиите“ не победуваат.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Атлетико сезонава ремизираше осум пати, загуби два натпревари, а Гризман не беше стрелец во осум од десет натпревари.

Атлетико во сабота игра со градскиот ривал Реал Мадрид, а потоа му следи натпревар со Јувентус.

Поради тоа Симеоне, кој не може да смета и на Диего Коста, се обидува што побрзо да го интегрира Мората во тимот бидејќи потребни му се неговите голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реакцијата на Новак за голот на Реал за победа. Шпанците го опишуваат како видео на годината

РЕАЛ МАДРИД остана во трката за титулата во шпанското првенство откако со голот на Федe Ва…