Дома Фудбал Англија Гвардиола: Тој играч има поглеми „јајца“ од сите останати!

Гвардиола: Тој играч има поглеми „јајца“ од сите останати!

Навивачите и експертите во Англија сметаат дека Џон Стоунс, дефанзивецот за кого Гвардиола плати 50 милиони фунти е големо промашувањето.

Сепак, менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола застана во одбрана на дефанзивецот и истакна дека тој има поголеми „јајца“ од сите останати.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


„Кога беше под притисок, кога луѓето најмногу го критикуваа, тој беше тука и играше од ден на ден. Воодушевен сум од него и покрај огромниот број на грешки кои ги направи“, изјави Гвардиола.

Стоунс е посилна личност од сите нас во оваа просторија заедно. Има поголеми мадиња од сите останати. Многу ми се допаѓа како играч и среќен сум што го имам во тимот“, додаде Пеп на пресконференцијата.

Потоа Гвардиола потсети дека англискиот репрезентативец има само 22 години.

„Никогаш немојте да заборавите дека станува збор за играч кој има 22 години. Порани играше еден натпревар неделно, а сега игра три и на Камп Ноу го чува Меси. Не одигра за Англија ниту една минута на ЕП, а сега игра 90 минути на секој натпревар. Напредува од ден на ден и воопшто не се паши од натпреварите. Сити е пресреќен што го има“, заклучи Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дортмунд го налути „кралот“, хет-трик на Винисиус🎥

Реал Мадрид и Борусија Дортмунд приредија вистински спектакл со седум гола и на крајот „кр…