Дома Фудбал Останато Бен Арфа го тужи ПСЖ – бара 8 милиони евра!

Бен Арфа го тужи ПСЖ – бара 8 милиони евра!

Хатем Бен Арфа испрати тужба до Пари Сент Жермен и бара обештетување од 8 милиони евра, пренесуваат француските медиуми.

Бен Арфа бара обештетување бидејќи во периодот од април 2017 до јуни 2018 година бил исфрлен од првиот тим.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Французинот смета дека ако не бил дискриминиран на овој начин ќе успеел да заработи пари од редица бонуси кои ги има во неговиот договор. Тој доставил обвинение на повеќе од 50 страни.

Бен Арфа бара да му бидат исплатени 8 милиони евра поради нанесена штета, но од ПСЖ тврдат дека бил отстранет од тимот поради „спортски причини“. Поради тоа двете страни наскоро ќе се видат на суд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Де Лаурентис сака да го награди Конте со нов договор

Претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис планира да му понуди нов договор на тренерот …